Јуве е блиску до потписот на Фергусон од Болоња

Јувентус продолжува да работи на обезбедување нови имиња за следата сезона. Според некои италијански медиуми, во моментов „Старат Дама“ се обидува да најде ново засилување за средниот ред.
Меѓу големиот број играчи од средниот ред кои се поврзуваат со клубот, во моментов во прв план е Луис Фергусон од Болоња.
Според Николо Шира, „бјанконерите“ водат во трката за потписот на Фергусон, кој беше меѓу клучните играчи во извонредниот настап на Болоња оваа сезона. Јувентус веќе одржа состанок со агентите на шкотскиот репрезентативец, а неговиот клуб одреди цена од 25 милиони евра. „Тутоспорт“ тврди дека оваа сума може да биде намалена за околу 5 милиони евра, доколку во Болоња се договорат во зделката да биде вклучен и некој од Томазо Барбиери и Ханс Николузи Кавиља.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО