Стрелецот на единствениот гол за Македонија на денешниот пријателски меч со Молдавија во Анталија, Бојан Миовски, смета дека денеска требаше предвреме да го „затвориме“ мечот со втор гол.
– Добро го започнавме првото полувреме. Мислам дека теренот не ни дозволи да направиме и повеќе шанси. Второто полувреме ги изгубивме дуелите на втора топка и затоа Молдавија искористи шанса и постигна гол. Мислам дека резултатот е реален. Имавме шанси да го затвориме мечот со втор гол околу 60 минута. Примивме еден одличен гол, но што е тука е. Продолжуваме со пријателски мечеви да се воигруваме, па в понеделник не очекува Црна Гора, изјави стрелецот на голот за нашата репрезентација.