Жоан Лапорта во своето последно интервју за „Мундо Депортиво“ истакна дека жали за одлуката на Чави Ернандез да замине од клубот на крајот од сезоната и истакна дека се надева дека ќе ја промени одлуката до летото.
– Му реков на Чави дека сите тренери посакуваат трансфер во Барселона, но дека не сакаме да размислуваме за други додека е тој тука и му реков дека ја почитуваме неговата одлука.
– Како што реков и претходно, зборувавме со Чави и му дадовме до знаење дека сакаме тој да остане, му реков дека овде секогаш ќе има притисок, но дека тој е добредојден да остане и понатаму. Го прашав колкави се шансите за да ја смени одлуката, но тој повторно зборуваше за тоа дека заминува на крајот од сезоната, дека така сме се договориле, порача Лапорта.
Каква и да биде сезоната за Барселона, скоро извесно е дека Чави заминува и дека неговата одлука е непоколеблива.