Првиот човек на Стрелачката спортска федерација на Македонија, Јордан Тасевски, во гостувањето на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ, потенцира дека олимписките кандидати имаат големи шанси да изборат учество на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз.
– Мислам дека 99 отсто се шансите да дојдеме до посакуваната норма за Игрите во Париз. Верувам дека некој од стрелците ќе го продолжи континуитетот на настапи на Игрите. Деновиве во посета ни беше првиот човек на Светската федерација, разговоравме за повеќе актуелни теми околу унапредување стрелаштвото кај нас, рече Тасевски.