Реал Мадрид ја информираше јавноста дека официјално поднеле жалба до фудбалската федерација на Шпанија, поради однесувањето на судијата Хуан Мартинез Муниер, кој во саботата навечер не стори ништо по прашањето за нечовечките навреди на сметка на Винициус Жуниор.
Во жалбата стои дека Мартинез Муниер едноставно одбил да ги слуша повиците и навредите на сметка на Винициус, но и на „глувоста“ по протестите на играчите од Реал Мадрид по расистичките навреди.
Реал Мадрид оствари победа на гостувањето кај Осасуна со 4:2, но овој инцидент фрли сериозен белег на крајниот резултат и се вкупно на атмосферата во шпанскиот фудбал.
Во кралскиот клуб потсетуваат дека главниот судија, според правилникот на нивното првенство, но и шпанските закони, мораше да реагира, меѓутоа тој ништо не стори.
Од трибините на стадионот на Осасуна, можеа јасно да се слушнат крици како на мајмуни, што јасно алудира на тоа дека станува збор за расистички напад.