Одложен натпреварот од Серија А меѓу Аталанта и Фиорентина

Натпреварот меѓу Аталанта и Фиорентина од 28. коло во италијанското фудбалско првенство е одложен, соопшти прес-службата на Серија А.

Натпреварот требаше да се одигра денеска со почеток од 18 часот. Според италијанските медиуми, причина за одложувањето на средбата е тоа што извршниот директор на Фиорентина Џо Бароне имал срцев удар.

Бароне, кој оваа недела наполни 58 години бил е хоспитализиран. Новиот датум и време за одигрување на натпреварот ќе бидат објавени подоцна.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО