Де Брујне повторно се повреди

Кевин Де Брујне не е вклучен во составот на Белгија за пријателските натпревари против Ирска и Англија. 32-годишниот фудбалер на Манчестер Сити се опоравува од малата повреда на препоните и се очекува да биде достапен по репрезентативната пауза.

Офанзивниот играч за врска нема да му биде на располагање на Пеп Гвардиола за четвртфиналниот дуел од ФА Купот на домашен терен со Њукасл на 16 март, но би требало да настапи против Арсенал на 31 март.

Де Брујне пропушти 149 дена од тековната сезона, откако заработи повреда на бутот на првиот натпревар во Премиер лигата оваа сезона против Барнли, за која беше потребна операција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО