Винисиус бара УЕФА да го казни Атлетико (М)

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор побара од УЕФА да преземе мерки и да ги казни соседите Атлетико Мадрид поради однесувањето на навивачите на синоќешниот меч со Интер. Барањето на Бразилецот се темели на објава на социјалните мрежи на која се гледа како поддржувачите на Атлетико извикуваат „Винисиус шимпанзо“, додека го чекаат автобусот на нивниот тим.

– Се надевам дека веќе сте размислувале за казна. Тоа е тажна реалност што се случува дури и на натпревари на кои не сум вклучен“, рече Винисиус.

Ла Лига исто така ги осуди расистичките скандирања на вчерашниот натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Интер и објави дека пријавуваат злосторства од омраза кај обвинителството.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО