Дресот што го носеше поранешниот кошаркар на Лејкерси, Коби Брајант, на третиот натпревар од финалето во НБА против Орландо во 2009 година , беше продаден за 915.000 долари, беше објавено на веб-страницата на „Голдин“.
За истиот имаше вкупно 29 понуди пред да биде прифатена највисоката. Споменатиот меч беше одигран на 9 јуни 2009 година во Орландо и заврши со победа на Орлано Меџик со резултат 108:104. Брајан беше МВП на мечот со 31 кош.
Подоцна кошаркарите од Лос Анџелес ја добија серијата со 4-1 и го освоија шампионскиот прстен.