„Фармацевтите“ го прескокнаа Келн, четата на Чави маршира кон титулата

Баер Леверкузен, во Келн, забележа нова победа оваа сезона, со што ја зголеми предноста во однос на Баерн и направи уште еден чекор кон шампионската титула.

Тимот на Чаби Алонсо е непоразен во досегашниот тек од сезоната, во Бундес лигата има скор (20-4-0).

Последниот пораз „фармацевтите“ го доживеа во претходната натпреварувачка сезона, од Бохум на крајот на мај.

Келн едноставно не можеше да се натпреварува со најдобриот тим во Германија. Проблемите за домаќинот станаа нерешливи во 13.минута кога Јан Тилман доби црвен картон.

Гостите потоа славеа со головите на Џереми Фримпонг во првото полувреме во 38. минута и Алехандро Грималдо во 73.

Баер Леверкузен на девет кола до крајот на сезоната има девет бода повеќе од Баерн Минхен.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО