Фудбалерот на Сасуоло, Доменико Берарди, ја пукна Ахиловата тетива на десната нога, јавуваат денеска италијанските медиуми.
Крилниот напаѓач ја заработи повредата на мечот со Верона и беше заменет во 60. минута. Доколку се потврди првичната дијагноза, тогаш сезоната за Берарди е завршена и тој нема да може да игра за Италија на ЕП 2024.
За Сасуоло тоа е тежок удар бидејќи тимот е во зоната за испаѓање во Серија А. Берарди има 9 голови и 3 асистенции.