Рудигер ќе му биде на располагање на Анчелоти за неколку дена

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Антонио Рудигер се опорави од повредата и се врати на тренинзите со првата екипа на Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Германскиот дефанзивец може да го користи стручниот штаб на Лос Бланкос на натпревари веќе на крајот на февруари. Да потсетиме, дефанзивецот нема играно од 2 февруари поради повреда на ногата.
Оваа сезона Рудигер одигра 30 натпревари за Реал во сите натпреварувања, на кои постигна два гола и една асистенција. Договорот на играчот со актуелниот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на фудбалерот, според интернет порталот Трансфермаркт, е 25 милиони евра.
Реал Мадрид моментално е лидер во шпанскиот шампионат. Тимот на Карло Анчелоти има 62 бода по 25 кола и има шест бода предност пред второпласираната Џирона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО