Харт ќе се пензионира на крајот од сезоната

Поранешниот голман на фудбалската репрезентација на Англија, Џо Харт, најави дека ќе се пензионира на крајот од сезоната. Пред да се огласи во јавноста, триесет и шестгодишниот Харт најпрвин за одлуката го известил Селтик.

Харт ја започна својата кариера во 2003 година во Шрусбери Таун, каде што помина три сезони. Оттаму, тој се пресели во Манчестер сити, каде што остана 12 години, првично со позајмици во Транмер Роверс, Блекпул, Бирмингем, Торино и Вест Хем.

Тој се пресели во Барнли во 2018 година, а потоа во Тотенхем во 2020 година, од каде пристигна во Селтик во 2021 година.

Со Сити беше шампион на Англија во 2012 и 2013 година, го освои ФА Купот во 2011 година и Лига купот во 2014 и 2016 година. Со Селтик беше шампион на Шкотска во 2022 и 2023 година, го освои шкотскиот куп во 2023 година и шкотскиот Лига куп во 2022 и 2023 година.

За репрезентацијата на Англија одигра 75 натпревари од 2008 до 2017 година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО