Матјаж Кек останува селектор на Словенија

Словенечкиот фудбалски стручњак Матјаж Кек останува и натаму на селекторската функција, соопшти Фудбалскиот сојуз на Словенија (НЗС).

Кек ќе ја води Словенија најмалку до крајот на квалификациите за Светското првенство (СП) 2026, односно до ноември 2025 година.

Од ноември 2018 година, Кек по вторпат е на клупата на словенечката репрезентација. Во првиот мандат, од 2007 до 2011 година, тој ја предводеше Словенија на СП 2010 година.

Во вториот мандат Кек со Словенија се пласира на Европското првенство (ЕП) летово во Германија. Словенците на завршниот турнир на ЕП (од 14 јуни до 14 јули) се во многу силната група Ц, со Србија, Англија и Данска.

Покрај Кек, на селекторската клупа Словенија беа Бојан Прашникар (1991-1993, 1998 и 2002-2004), Зденко Верденик (1994 -1997), Сречко Катанец (1998-1993) и Бранко Облак (1998-2010 и 2004-2006), Славиша Стојановиќ (2011-2012) и Томаж Кавчич (2017-2018).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО