Хокеарите на Њујорк ренџерс се вратија од негативата, 1:4 и забележаа победа над Њујорк ајлендерс, 6:5 со што влегоа во историјата на канадско-американската хокеарска лига.
Ренџерс е првиот тим во НХЛ кој победил во натпревар на отворено откако анулирал негатива од три гола. Стрелец на победничкиот гол беше напаѓачот, Артеми Панарин.
Тоа беше 18-та „камбек“ победа сезонава за Ренџерс, со што се израмнија на првото место во НХЛ со Далас старс и со Њу Џерси девилс.
Мечот што се одигра на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси пред 79.690 гледачи еiмеѓу трите најпосетени во историјата на НХЛ лигата.