Зомер : Сите сме мотивирани за големи резултати

Голманот на Интер, Јан Зомер, изјави дека во неговиот состав преовладува голема глад за трофеи и дека сите се насочени да се оствари целта до крајот на сезоната .

„Сè е можно. Во вторник играме со Атлетико Мадрид во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, шансите се 50/50. Една лоша игра и се е готово“ – вели голманот на „нероаѕурите“.

„Учеството во финалето на Лигата на шампионите во минатата сезона значително ја подигна самодовербата на играчите и на целиот клуб“ – изјави голманот на Интер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО