Лига на конференции: Прва победа на Динамо во Шпанија, Ристовски одличен

Загрепски Динамо го победи Бетис на гости во Севилја  со 1:0, со голот на Бруно Петковиќ од пенал во 75. минута, во првиот осминафинален натпревар во Лигата на конференции (ЛК).

За Динамо ова беше прва победа во Шпанија во клупската историја, со што стекна солидна предност пред реваншот во Загреб следниот четврток.

Тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ имаше многу персонални проблеми со одбраната пред гостувањето во Севилја, но неговиот тим одигра многу добар натпревар и заслужено победи. Последната линија во која беше и македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски одигра многу сигурно и беше основата на одлично поставената игра на Динамо.

Клучниот момент на натпреварот се случи во 75. минута. Во еден напад на Динамо, топката го погоди Ријад со високо крената рака. Судијата не досуди ништо, но ВАР го повика да ја погледне видео снимката по што тој досуди пенал за Динамо. Голманот Руи Силва го „прочита“ Петковиќ, но неговиот удар беше пресилен и Динамо поведе и победи со 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО