Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, ги долови своите импресии, односно разочарувањето по вечерашниот неочекуван пораз во Белград од Баерн Минхен.
Партизан во вториот дел оддржаваше константна предност од 3 до 10 поени, но некако во финишот повторно успеа да прокоцка нешто што е добиено, а над главата на Обрадовиќ вечерва ќе има многу прашалници, нешто кое и самиот го потврди.
– Кога ќе загубите пет натпревари по ред (во сите натпреварувања), јасно е дека постои криза на резултатите. Како тренер и стручен штаб, работиме се, а доаѓа време кога ќе се запрашам – што понатаму? Што би можел јас сега паметно да направам со цел да го подигнам моралот на играчите по овој пораз? Веројатно тоа е прашањето кое ќе си го поставувам цела ноќ, што понатаму.
– Околу последниот шут на Пантер, тоа можеше да влезе во кош, некој ќе каже зошто Кабокло ја допре топката, но нема врска тоа. Проблем е претходниот напад. Шест натпревари губиме на ист начин, не знам што да направиме. Ќе анализираме, но ова не е доволно, порача Жељко Обрадовиќ.