Шек: Сакам да инвестирам во НБА и Формула 1

Легендарниот кошаркар Шекил О’Нил не ги крие своите планови поврзани со инвестирањето во спортот.

Еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката веќе покажа интерес за создавање франшиза во Лас Вегас, но сега истакна дека не му е баш важно која екипа ќе биде.

-Би сакал да го направам тоа, без разлика кој тим е достапен, рече О’Нил и притоа откри дека би сакал да инвестира и во Формула 1.

-И тоа би сакал, иако не можам да се влезам ниту во еден од тие проклети автомобили“.

Еден од последните тимови што доби нов сопственик е Минесота, а таа франшиза ја презеде поранешната суперѕвезда на МЛБ, Алекс Родригез. Далас неодамна ја промени и сопственичката структура. О’Нил беше малцински сопственик на Сакраменто Кингс во минатото.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО