Во Милан мора да има големи промени: Има играчи кои немаат квалитет за дресот на овој клуб

На Милан сезонава воопшто не му оди добро во домашното првенство, детектирани се одредени проблеми, поради кои навивачите го обвинуваат тренерот Стефано Пиоли.

Еден од поранешните директори на клубот од Сан Сиро, Ариедо Браида, јавно отвори некои теми за кои смета дека треба да се дискутира јавнои без криење. Тој смета дека во актуелниот тим на Милан има одредени играчи кои не се на потребното ниво за Милан да биде силен и да се трка за трофеи.

– Во актуелниот состав на овој Милан, има фудбалери кои не можат ни одблиску да конкурираат со квалитетот кој е потребен за овој клуб. Има доста играчи кои не се доволно добри за да го носат дресот на Милан.

– Најдобар факт за тоа е што отпаднаа во Лигата на шампионите по групната фаза. Јас, но и останатите легенди на Милан, посакуваат да го гледаат Милан во завршницата од секое натпреварување и да освојуваат трофеи, порача Браида.

Доколку Пиоли ја преживее и оваа сезона, во составот на Милан ќе има сериозни кадровски проветрувања и некои нови засилувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО