Мик Шумахер смета дека има потенцијал да биде редовен низ сезоните во Формула, каде што неговиот татко се прослави до крајни граници, освојувајки седум шампионски титули.
Доколку е на неговиот татко, тој секако има иднина во овој спорт. Тој е резервен возач на Мерцедес, па можеби во тимот гледаат иднина со овој возач.
– Многу работи ќе се случат наскоро, не само дека ќе има промена во тимовите, туку еден или двајца возачи можат да ги завршат кариерите. Тоа го гледам како шанса за себе да можам да возам.
– Знам дека имам вештина да бидам дел од Ф1, доволно сум добар. Тоа го покажав во Ф4, Ф4 и Ф2. Факт е дека победував на трки и првенства, но тоа ќе се заборави. Докажав дека можам да се носам и во Ф1 и со притисокот таму, порача Мик Шумахер.
Тој на кратко беше и дел од академијата на Ферари, но таму не му понудија договор, па на крајот се пресели во Мерцедес, тимот за кој неговиот татко возеше во самиот финиш од кариерата.