Мишов ја менува Грузија за Косово

Напаѓачот Александар Мишов по одличната полусезона во грузиски Самтредиа реши да си замине од клубот и побара нова средина.

Како што е познато Мишов ја заврши сезоната со осум гола и две асистенции во лигашкиот дел, а погоди уште еднаш во баражот, во првата средба.

Токму овие добри бројки му донесоа неколку интересни понуди на негова адреса, пред се од клубови од Азербејџан и Грузија, но и соседно Косово.

Токму најверојатно кариерата ќе ја продолжи кај нашиот северен сосед и тоа во екипата на Дрита Гнилање

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО