Светските медиуми за заминувањето на Бобан од УЕФА: Ја разниша фудбалска Европа

Ненадејното заминување на Хрватот Звонимир Бобан од УЕФА, поради, како што изјави, насилниот начин на кој претседателот Александер Чеферин сака да остане на власт подолго отколку што треба, предизвика лавина реакции во светските медиуми.

Францускиот „Л’Екип“ пишува дека Бобан и ја треснал вратата на УЕФА, но и на идеите на Чеферин.

„Газета дело Спорт“ наведува дека Бобан веќе докажал оти не му е проблем да замине од висока функција поради своите принципи.

Во јуни 2019 година тој ја напушти функцијата заменик генерален секретар на ФИФА и специјален советник на претседателот Џани Инфантино за да го оствари својот сон за работа во Милан со Паоло Малдини.

Сепак тој доби отказ во март 2020 година поради критикување на извршниот директор Газидис и на фондот Елиот.

Заминувањето на Бобан го пренесоа Ројтерс и Њујорк Тајмс. Британците додаваат дека Бобан ја напушта УЕФА во знак на протест поради лошите планови на Чеферин. Американците, пак, ги споменуваат големите тензии во врвот на европскиот фудбал.

Од 2016 до 2019 година, Бобан работеше во ФИФА како заменик генерален секретар, а од јуни 2019 до март 2020 година беше десна рака на Малдини во Милан.

Тој е во УЕФА од април 2021 година, која поради него ја измисли функцијата шеф за фудбал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО