Како партнерски проект на ФК Брегалница, Фудбалската федерација на Македонија преку “хет-трик” програмата на УЕФА, и Општина Штип на 05.03.2021 година беше отпочната да се гради трибината на стадионот во Штип.
Но динамиката на изградба одеше преспоро, па многумина навивачи на штипскиот клуб гласно негодуваат зошто тоа е така.
Работите на не така големата трибина се придвжија кон крајот на минатата и почетокот на оваа година.
Иако се уште е далеку од завршена, како кровната конструкција, така и гледалиштето и подтрибинскиот простор, сепак се гледа крајот.
Денес започнаа да се монтират пластичните столчиња кои се во плава боја. Па така трибината која се гради три години ако нешто повторно не искрасне, годинава ќе биде готова.