Женскиот фудбалски клуб Љуботен во продолжението од сезона ќе биде посилен за две интернационалки од Бразил
-Од денес нови фудбалерки на ЖФК Љуботен се бразилските интернационалки Харуми Гоја и Наталиа Луана Оливиера Силва
Гоја се враќа назад во ЖФК Љуботен по шест месеци поминати во Турција се враќа добро познат играч, во добро позната средина, за добро позната цел освојување на нова шампионска титула
Оливиера Силва ќе преставува вистинско освежување во сите линии на шампионот и со своето искуство и те како ќе допринесе за полесен пат до целта, нова шампионска титула!, порачаа од клубот.