Руската тинејџерка е на седмо небо: Ја растури тенисерката која и беше идол

Руската тинејџерка Мира Андреева, направи сензација во 2. коло од Австралија Опен, против шестата тенисерка во светот, Онс Жабер, со 2:0 во сетови, 6:0,6:2.

16 годишната тенисерка славеше за само 56 минути, а тоа беше прва победа за неа против тенисерка која котира во топ10.

Кога Андреева прва пат се појави на врвно ниво, на гренд слем турнир, минатата година на Ролан Гарос, имаше една скромна цел кон својот метеорски успех.

Посакуваше тренинг со нејзината идолка Онс Жабер, а сега потполно ја декласираше.

– Онс за мене е инспирација, секогаш ги гледав нејзините мечеви додека не дојдов на ВТА турот. Ова беше втор меч на голем стадион и сакав само да уживам, порача Андреева.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО