Фудбалерите на Реал Мадрид ја победија Барселона со 4:1 во финалето од шпанскиот Суперкуп и го освоија трофејот во ова натпреварување.
Винициус Жуниор беше апсолутен херој на „кралевите“ на оваа средба, откако постигна хет-трик во првото полувреме од средбата, всушност погоди во половина час, 7, 10 и 39. минута беа минути на бразилскиот фудбалер.
Левандовски се обиде да внесе малку живост во играта на Барселона, со постигнатиот гол ги врати надежите дека ќе останат резултатски во игра, но тоа им го поништи Винициус.
Реал Мадрид со оваа голема победа успеа да и се освети на Барселона. Минатата сезона каталонскиот клуб беше поуспешен во финалето, па ова вечерва беше еден вид на освета.
Ова е 13. трофеј за Реал во ова натпреварување и сега кралскиот клуб има еден трофеј повеќе од Барселона и се поуспешни.