Екипата на ГРК Тиквеш вчера ги започна подготовките за продолжението од сезоната, а тоа значеше и прва средба на новиот тренер Раде Стојановиќ со ракометарите.
Кавадарчани дел од подготовките ќе ги реализираат во Црна Гора каде ќе патуваат на 21. јануари, а таму предвиден се тест дуели со Ловќен и Будуќност.
Што се однесува до ростерот а екипата, тимот е засилен со младинскиот ракометен репрезентативец Јован Даневски кој игра на позицијата десно крило и доаѓа од Куманово, како и едно странско засилување.
Станува збор за 27-годишниот лев бек Спасоје Гачевиќ кој доаѓа од таборот на словенечки Слован. Србинот во својата татковина има играно за Црвена Звезда и Спартак Суботица, како и Изола во Словенија, Нилуфер од Турција, Хорта во Португалија и Дукас во соседна Грција.