Гвардиола по враќањето на Де Брујне: Тој е уникатен, нема многу како него на светот

По повеќе месечна пауза Кевин де Брујне се врати во тимот на Манчестер сити и имаше удел во убедливата победа против Хадерсфилд, 5:0, во ФА купот, на стадионот „Етихад“.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола го поздрави враќањето на „уникатниот и исклучителен“ Де Брујне кој влезе во игра во 57. минута, на првиот меч во последните пет месеци по операцијата на коленото.

-Тој одигра навистина добро.Мислевме дека е подобро да влезе во игра второто полувреме отколку од почетокот. Сега му требаат што повеќе тренинзи, многу повеќе од натпревари бидејќи не е подготвен 90 минути. Кевин е неверојатен игра, тој помага да се победува на натпреварите и ги има малку како него во светот, изјави Гвардиола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО