Бомба од Франција: Мбапе заминува од ПСЖ, договорил се’ со новиот клуб!?

Француските медиуми тврдат дека на трансфер сагата со Килијан Мбапе која трае со години и дојде крајот. Според порталот „Футмеркато“ Мбапе веќе се’ договорил со Реал Мадрид.

Од летото 2017 година па наваму во секој преоден рок се шпекулира за доаѓањето на францускиот напаѓач во „кралскиот клуб“, и тоа веројатно конечно ќе се случи за неколку месеци откако ќе му истече договорот со ПСЖ.

Мбапе дојде во ПСЖ од Монако во летото 2018 година во трансфер вреден 180 милиони евра, што и натаму е втор најголем трансфер во историјата на фудбалот, зад оној на Нејмар од 220 милиони евра.

За клубот од „Паркот на принцовите“ тој одигра 284 натпревари, постигна 237 гола и додаде 101 асистенција.

За тоа време освои 14 трофеи, во пет наврати беше најдобар стрелец на француската лига, трипати беше прогласен за најдобар француски фудбалер итн…

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО