Фудбалерот на Рома јасно порача: Не за нов договор

Фудбалерот на Рома, Леонардо Спинацола нема да го продолжи договорот и би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок, изјави неговиот менаџер Давиде Липи.

Липи рече дека „нема шанси“ италијанскиот лев бек да го продолжи договорот, кој истекува во јуни.

-Ќе видиме како ќе помине јануарскиот преоден рок. Во спротивно, тој ќе си замине кога ќе му истече договорот“, изјави Липи за Спортиталија.

Спинацола го загуби местото во тимот на тренерот Жозе Мурињо, а се шпекулира дека овој месец би можел да се пресели во Галатасарај.

Сезонава одигра 16 натпревари во сите натпреварувања, но последните два првенствени натпревари против Наполи и Јувентус ги гледаше од клупата за резерви.

Поранешниот фудбалер на Јувентус се пресели во Рома во летото 2019 година како дел од размената на играчи во која учествуваше Лука Пелегрини и за одредено парично обештетување.

Тој беше вклучен во најдобрата селекција на претходното Европско првенство, на кое победи Италија, и покрај тоа што ја повреди тетивата во осминафиналето против Белгија, по што отсуствуваше од терените речиси една година.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО