Српското репрезентативно крило Богдан Радивојевиќ кој летово во Битола пристигна како најзвучно име ги даде своите импресии по првиот дел од сезоната.
За српски Мозартспот зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и Еурофарм Пелистер.
-Пелистер е нешто поразлично од она што го имав во претходните 10 години во Германија и Унгарија. Тоа е клуб со традиција, со страсни навивачи.
Тимот е млад, нов, имаме само двајца или тројца искусни играчи. Тренираме добро. За жал, не освоивме ниту еден бод во Лигата на шампионите. Верувам дека ова ќе биде големо искуство за сите во Битола, за младите да видат како се игра најсилната конкуренција.
Не почнавме добро во домашното првенство, но имаме шанса во плеј-офот да се поправиме и да ја одбраниме титулата. Немаме квалитет во Лигата на шампионите да направиме нешто повеќе, но се бориме, верувам дека на крајот ќе го освоиме шампионатот на Македонија. Тоа е приоритет до крајот на сезоната, заврши Радивојевиќ.