Лоши вести за Реал: Закрепнувањето на една од повредените ѕвезди оди навистина споро

Закрепнувањето на бразилскиот фудбалер во Реал Мадрид, Едер Милитао не оди толку брзо како што првично се очекуваше, пренесува шпанска „Марка“.

25-годишниот дефанзивец заработи тешка повреда на коленото на почетокот на сезоната, на првата средба на Реал со Атлетик Билбао.

Во отсуство на Едер, сепак, неговите соиграчи се покажаа одлични на теренот, примија само 11 гола во 18 натпревари во Примера. Се очекуваше Милитао да се врати на теренот во средината на февруари, по шест месеци од повредата.

Сепак, според последните информации Реал го очекува повторно на терен во последната недела од март, по пауза поради репрезентативни натпревари. Можно е неговото враќање повторно да биде на мечот против Атлетик Билбао.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО