Подвиг на хрватската нуркачка. За два дена собори два светски рекорда!

Хрватката Валентина Кафола (26), студентка на Кинезиолошкиот факултет, испиша нови страници во историјата на слободното нуркање под мраз.

Минатата недела во Италија, на замрзнатото езеро Антерселва кое се наоѓа на надморска височина од 1.600 метри, таа за два дена собори два светски рекорда.

Прво, таа го собори светскиот рекорд за нуркање под мраз со монопераја. Без кислород и каква било помош под дебел мраз од 45 сантиметри таа издржала 1,40 минути, препливајќи 140 метри!

Хрватката го држеше овој рекорд седум години пред да го собори Јапонката Јасуко Озеки, која препливала еден метар подолго. Но Кафола го повратила рекордот по само 36 часа откако Јапонката го собори.

Тоа како да не и беше доволно, па вториот ден собори уште еден светски рекорд. Таа нурнала 80 метри под мразот користејќи долги пераи. Двата рекорда се признати од Светската федерација за нуркање (ЦМАС).

Хрватската спортистка овие рекорди ги поставила во одело дебело пет милиметри и во вода на температура од само три степени!

За да може да ја постигне целта таа морала да го намали пулсот на 50 отчукувања во минута, а била подложена на долготрајна психичка и физичка подготовка.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО