Зошто никој не верува на АО во Алкараз?

Десеткратниот освојувач на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ, очигледно е главен и јасен фаворит за титулата и годинава.

Што се однесува до Карлос Алкараз, скоро никој и да не верува во него. Поточно, ако се суди по анкетата на ЕСПН, која ја спроведоа, шпанскиот тенисер не го гледаат аналитичарите како опасност за Ѓоковиќ, бидејки од десет гласови, седум гласале за Ѓоковиќ, додека тројца гласаше за Италијанецот Јаник Синер.

Пем Шрајвер, Рене Стабс, Бред Гилберт, Бил Конели, Том Хамилтон, Дарси Мејн и Џејк Михаелс гласаше за српскиот тенисер, додека за Италијанецот гласаа Патрик Мекинро, Мет Волш и Џарид Барк.

– Време е за Синер, тој имаше одлична завршница на 2023 година и подготвен е да го направи следниот голем чекор, порача Мекинро.

Вистинско прашање е зошто никој не верува во шансите на Карлос Алкараз во Австралија, па останува да се види дали ќе бидат во право.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО