Зоран Даноски пред потпис со Тиквеш

Како што дознава „Спортклуб.мк“, екипата на Тиквеш е пред ангажман на уште едно искусно име во своите редови.

Станува збор за левото крило кое игра и како класичен напаѓач, Зоран Даноски кој треба да биде замена за Иван Ивановски кој се сели во Гостивар.

Даноски е искусно име со богата интернационална кариера која почна да ја гради во чешки Баник Мост, а во оваа држава играше и во Прибрам.

На домашна сцена има настапувано само за Победа и Металург, додека најголем дел од кариерата мина во соседна Србија каде играше за Радник Сурдулица, Пролетер Нови Сад, Младост Лучани, Нови Пазар за да последен клуб му биде Звијезда од Босна и Херцеговина.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО