Енди Мареј го одигра последниот меч во Мелбурн!

Британецот Енди Мареј (36) изјави дека постои „голема можност“ ова да му е последниот Австралија опен по поразот од Аргентинецот Томас Мартин Ечевери во првото коло (4:6, 2:6, 2.6) на вториот ден од турнирот во Мелбурн.

Мареј, петкратен финалист во Мелбурн, не успеа да се пласира во второто коло, само по втор пат во последните 13 настапи.

– Нема да добијам многу натпревари играјќи на ваков начин. Дефинитивно, голема е можноста дека овде играм за последен пат, рече Мареј.

Откако во претсезоната објави дека 2024 година може да биде неговата последна сезона пред пензионирањето, Шкотланѓанецот ги загуби двата меча годинава.

Од почетокот на САД опен лани во август, Мареј загуби осум од последните 12 натпревари,  вклучувајќи ги и последните четири.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО