Швеѓанката Фрида Карлсон го освои денеска златниот медал во трката на 10 километри крос-кантри слободен стил на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Карлсон дојде до златото со време од 22:49,2 минути.
Нејзината сонародничка Еба Андерсон го освои сребрениот медал, заостанувајќи 46,6 секунди зад Карлсон.
Бронзениот медал го освои Американката Џесика Дигинс со време од 23:38,9 минути.
ФОТО: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: