Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Каи Хаверц, заработи повреда на мускулот и веројатно ќе биде надвор од теренот неколку недели.
Како што објави новинарот Дејвид Орштајн на социјалната мрежа „X“, 26-годишниот Германец ќе ги пропушти натпреварите против Брентфорд, Виган (во ФА Купот), Вулверхемптон и Тотенхем.
Играчот се врати во тимот на „топџиите“ минатиот месец по повреда на коленото и играше во последните четири натпревари.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета, исто така нема да може да смета на услугите на Микел Мерино, Мартин Едегард, Букајо Сака и Макс Дауман поради повреда.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: