Златен медал во атлетика на ЛОИ 2024 носи 50.000 долари!

Светската атлетика (СА) објави дека ќе испише историја со тоа што ќе стане првата меѓународна спортска федерација која воведува паричен награден фонд на Летните олимписки игри (ЛОИ), почнувајќи од Париз годинава.

За првпат, секој освојувач на златен медал во 48-те атлетски настани планирани да се одржат во Париз 2024 година, ќе биде награден со 50.000 американски долари. Вкупно 2,4 милиони долари ќе се распределат за медалистите што е историски потег на СА.

Според претседателот на СА, Себастијан Коу, таа одлукат за наградување е доказ за придонесот на спортистите во атлетиката, чии настапи привлекуваат „милијарди очи“ на олимписките телевизиски преноси.

Целиот награден фонд ќе доаѓа од дел од приходите што Интернационалниот олимпски комитет (ИОК) и ги доделува на СА на секои четири години. Парични награди ќе има и за штафетните тимови, кои ќе мора да ја поделат сумата од 50.000 долари меѓусебе.

СА планира парични награди и за сребрените и бронзените медалисти, но тоа ќе се случи на ЛОИ 2028 во Лос Анџелес.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО