Зидан најави големо враќање: „Фудбалот ми недостига, наскоро се враќам!“

Фудбалската легенда Зинедин Зидан најави дека неговото враќање во фудбалот е многу блиску. Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој по вторпат ја напушти „кралската“ клупа во 2021 година, сега откри дека повторно има желба да биде дел од играта која му донесе светска слава.

-Ќе се вратам наскоро, фудбалот е мојот живот и никогаш не сум престанал да го сакам, изјави Зидан за француските медиуми.

Според шпекулациите, легендарниот Французин би можел да преземе некој клуб во наредните месеци, но не се исклучува ниту можноста конечно да застане на чело на репрезентацијата на Франција – цел која ја посакува подолго време.

Зидан беше поврзуван со повеќе големи европски клубови во изминатите години, меѓу кои Пари Сен Жермен, Јувентус и Манчестер јунајтед, но досега не прифатил ниту една понуда. Извори блиски до него тврдат дека чека „вистински проект“ кој ќе го мотивира.

Како тренер на Реал Мадрид, Зидан ја испиша историјата со три последователни титули во Лигата на шампионите (2016–2018), а неговото враќање на фудбалската сцена би било голем настан за целиот светски фудбал.

Фановите со нетрпение очекуваат да видат каде ќе продолжи славната кариера на човекот кој како играч и тренер остави трага што малкумина ја имаат.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО