ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во ракометниот Куп

ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување.

Со по седум гола во таборот на победничките се истакнаа репрезентативките Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова, како и Армина Исиќ. Кај Спартак со 12 гола најдобра беше Сузана Зечевиќ, а десет даде Анастасија Николовска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО