Коларовска гази во Хрватска, постигна 10 погодоци во уште еден драматичен натпревар на Брод

Македонската ракометна репрезентативка Ана Марија Коларовска одигра уште еден маестрален натпревар во Хрватска, за својот тим Брод, кој во крајно драматична завршница беше поразен со 35:36 од фаворитот Сесвете.

Уште од стартот на средбата, Коларовска покажа дека ќе биде една од клучните ракометарки во својот тим, започнувајќи со одлични продори да погодува и да и прави немир на противничката одбрана.

Коларовска погоди и за 35:35 на минута до крајот, на гостите го реализираа последниот напад и забележаа минимална победа. Ана Марија вкупно постигна 10 погодоци од 13 обиди, притоа имаше и една асистенција и една украдена топка.

Брод и натаму се бори за опстанок во елитата во Хрватска, но без разлика дали тимот ќе опстои, со своите партии Коларовска веќе успешно се „продава“ и за неа има позитивни коментари од најголемите хрватски ракометни работници, што сигурно и гарантира и трансфер во друг и постабилен клуб на Балканот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО