Поранешниот аргентински фудбалски репрезентативец, Езекил Лавеци (38) во последните два месеца ги минува најтешките моменти во животот. Неодамна по неколку хоспитализации тој заврши на психијатрија. Беше избоден во декември, а неколку недели по закрепнувањето се предозира!
Есникот „Марка“ пишува дека лекарите утврдиле што не е во ред со Лавеци. Тие му дијагностицирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.
– Тој не се лекува од злоупотреба на дрога или на алкохол, туку од психијатриско пореметување кое може да предизвика некој да се повреди и кое може да биде поттикнато од различни фактори, изјави адвокатот на Лавеци, појаснувајќи дека една хипоманична епизода може да трае од еден до четири дена.
Хипоманијата е дел од биполарното растројство, познато и како манична депресија.
Лавецици своевремено беше еден од најплатените фудбалери во светот. Во Хебеи, Кина тој заработи над 20 милиони евра. Во кариера играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи и за ПСЖ.
За Аргентина одигра 51 натпревар и го освои второто место на Светското првенство (СП) во Бразил 2014 година.