Жителите на Лас Вегас со петиција против Ф1 трка во нивниот град!

Жителите на Лас Вегас и сопствениците на бизниси погодени од трката во Формула 1 (Ф1) што се одржа таму кон крајот на минатата година, покренаа петиција со барање за откажување на трката годинава.

Во петицијата, објавена во локалните медиуми, се тврди дека сопствениците на погодените бизниси изгубиле 30 милиони долари поради продолженото затворање на улиците во градот и придружните проблеми со транспортот.

Дел од организаторите на петицијата тврдат дека поради тоа ги загубиле фирмите и бизнисите. Тие бараат од претставниците на округот Кларк да не издаваат дозвола за трката што е закажана за 23 ноември и да не одобрат затворање на познатиот Лас Вегас Стрип, кој е дел од патеката.

Но шансите за успех на оваа иницијатива се минимални, а локалните власти засега се воздржуваат од коментар.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО