Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, повторно е во центарот на вниманието по уште еден бурен инцидент за време на мечот против Хетафе во шпанското првенство.
Во текот на натпреварот, по серија провокации и вербални препукувања, играчот на Хетафе, Хуан Иглесијас, му довикна на Бразилецот: „Затоа сите те мразат!“, во момент кој веднаш стана вирален на социјалните мрежи.
Дуелот беше исполнет со тензии уште од самиот почеток, откако еден играч на Хетафе доби црвен картон по само 37 секунди игра, а судијата мораше постојано да интервенира за да ја смири ситуацијата.
И покрај бурната атмосфера, Реал Мадрид успеа да слави минимално и да ги задржи челните позиции во Ла Лига.
Инцидентот со Винисиус, пак, повторно ја отвори дебатата во шпанската јавност околу неговото однесување на теренот и честите конфликти со противничките играчи.