Младата ѕвезда на Барселона, Ламин Јамал, се соочува со проблем кој сериозно ги загрижува во клубот. Осумнаесетгодишниот напаѓач има хронична повреда на препоните – пубалгија, состојба која често бара подолг период на рехабилитација и внимателен пристап.
Повредата се појавила за време на дербито против Реал Мадрид, кога Јамал играше со очигледен бол и ограничено движење. Медицинскиот тим на Барселона потврди дека засега не се планира операција, но дека фудбалерот ќе мора да мирува и да следи специјален третман.
Во клубот владее страв дека проблемот може да остави подолгорочни последици врз развојот на талентираниот тинејџер, кој оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот. Барселона внимателно ќе го следи неговото закрепнување за да спречи дополнителни компликации и рецидив на повредата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: