Забаленка и се одмазди на Гаф за поразот во Њујорк и се пласира во финалето на АО

Белорусинката Арина Забаленка ќе ја брани титулата на Австралија опен во саботното финале во Мелбурн, откако во полуфиналето ја победи Американката Коко Гаф, во два сета, со 7:6 и 6:4.

Забаленка која е во низа од 13 победи по ред во Мелбурн, и се одмазди на Гаф за поразот во ланското финале на САД опен. Таа во финалето ќе игра против подобрата од второто полуфинале, Женг Чинвен – Дајана Јастремска.

Забаленка се’ уште нема загубено сет на годинашниот турнир и е првата тенисерка што се пласирала во две финалиња по ред на Австралија опен, по Серена Вилијамс на која тоа и успеа трипати, во 2015, 2016 и 2017 година.

– Едноставно, бев подготвен на се’ и успеав да се фокусирам на себе, изјави Забаленка.

По натпреварот таа ги поздрави тениските великани на трибината, меѓу кои беа Били Џин Кинг и Ивон Гулагонг Каули, која прославуваше 50 години од првата титула на Австралија опен.

– Не можев да сонувам дека ќе играм пред вас. Ви благодарам за се’ што направивте за нашиот спорт. Привилегија е да се игра пред вас, истакна Забаленка по интервјуто по натпреварот.

Таа потоа потпишуваше пешкири кои ќе се продаваат на аукција, а приходот ќе биде наменет за деца и за жени жртви на семејно насилство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО