Во минатите шест години, шест различни тренери станаа шампиони на Италија. Последен во низата е Симоне Инзаги, кој сезонава го доведе Интер до „скудетото“ во Серија А.
Во 2019 година, Серија А ја освои Масимилијано Алегри (Јувентус), во 2022, Маурицио Сари (Јувентус), во 2021, Антонио Конте (Интер), во 2022, Стефано Пиоли (Милан), а лани, Лучијано Спалети (Наполи).
За одбележување е и тоа што последните тројца стратези (Инзаги, Спалети и Пиоли) за првпат во кариерата дојдоа до „скудетото“. Исто така, првпат по повеќе од 50 години, шест различни тренери го освоија „скудетото“ во период од шест години. Последен пат тоа се случило во периодот од 1967 до 1972 година.