Вујошевиќ: Жељко знае што прави со Партизан, верувајте ми!

Некогашниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ, во интервју за хрватските медиуми зборуваше за актуелната ситуација со „црно-белите“.

Вујошевиќ во четири наврати беше тренер на Партизан и дури два пати ја водеше екипата на Ф4 во Евролигата, во 2009 година стана единствениот тренер во Евролигата, кој доби награда за најдобар стратег, а притоа да нема освоено евролигашка титула.

– Аријан Лукиќ го немам следено многу, затоа што Задар го следам само кога игра со Партизан. Доста редовно ги следам „црно-белите“, Будуќност и Студентски центар, нешто помалку Црвена Звезда. Добар кошаркар е Лакиќ, успешно ја одигра последната сезона и секако напредуваше, порача Вујошевиќ и на кратко го искоментира Обрадовиќ.

– Жељко сигурно знае што прави, целта му е да направи екипа во која ќе има повеќе играчи од просторот на бившите држави. Тоа му е потребно и поради поголема мотивација. Се надевам, како навивач на Партизан, дека се ќе биде успешно на крајот, порача Душко Вујошевиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО